Одличниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се наоѓа блиску со рушење на големиот рекорд во репрезентацијата на Белгија.
Иако овој фудбалер има „само“ 25 години, на чекор е да стане првиот стрлец во историјата на Белгија, а за тој потфат потребни му се уште само шест гола. Лукаку за А селекцијата на Белгија дебитираше во 2010. година, а до сега на 60 натпревари постигна 25 гола и вчера го престигна Весели Сонк, кој од 2001. до 2010. постигна 24.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Ромелу Лукаку во моментов е шести стрелец во историјата на Белгија, а пред него се Роберт Де Вон (26), Марк Вилмотс, Џозеп Мерманс (28), Бернард Воорхоф и Пол Ван Химст (30).
Вреди да се напомене дека Лукаку е третиот најмлад дебитант во репрезентацијата на Белгија, со оглед на тоа што за А селекцијата првиот настап го запиша кога имаше 16 години и 296 дена.