Во реваншот од плеј-офот на Лигата на шампионите, Динамо го победи Карабаг на гости со 2:0 со голот на Марко Пјаца и автоголот на Матеус Силва и со вкупен резултат 5:0 влезе во Лигата на шампионите.
На денешната ждрепка хрватскиот шампион ќе дознае со кого ќе игра во новиот формат на елитното европско натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Загрепскиот клуб на социјалните мрежи објави видео од прославата во соблекувалната. На снимката можете да ги слушнете фудбалерите и стручниот штаб како едногласно ја пеат „Те сакам Динамо“.