Дома Топ вести „Лудиот“ Пике ја даде најлудата изјава во кариерата!

„Лудиот“ Пике ја даде најлудата изјава во кариерата!

Главна тема во сите спортски медиуми е историската победа на Барселона од 6:1 над ПСЖ.

Навивачите на каталонскиот клуб уживаат во импресивната победа и „чудото“ кое го направија нивните херои со кое се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампиони.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Целата маѓична атмосфера ја збогата дефанзивецот Жерар Пике, кој даде „луда“ изјава по завршувањето на натпреварот.

„Моја препорака е да се регрутираат многу медицински сестри во болниците, ќе биде жестоко за девет месеци. Вечерва ќе има многу љубов меѓу нашите фанови, ќе падне голем секс“, изјави Пике, кој не пропушти прилика да ги „боцне“ хејтерите.

„Имаше многу луѓе кои се обидуваа да не погребат. Еден ден ќе ја предадеме круната, но и понатаму сме тука. Оние кои не сакаа да поминеме нема да имаат убав ден, но сонцете и утре ќе изгрее“, заклучи Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Преговорите започнати, Халанд наскоро става потпис

Манчестер Сити сака што побрзо да потпише нов договор со првата ѕвезда во тимот, Ерлинг Ха…