Дома Фудбал Лоши вести за „старата дама“ – еве колку ќе отсуствува Пјаниќ

Лоши вести за „старата дама“ – еве колку ќе отсуствува Пјаниќ

Актуелниот шампион Јувентус нема да може да смета на еден од најдобрите поединци Миралем Пјаниќ најмалку еден месец, пренесоа италијанските медиуми.

Пјаниќ се повреди на загревањето на мечот од Лигата на шампиони против Олимпијакос.

Лекарскиот тим на „бјанконерите“ веднаш потврди дека станува збор за кинење на мускулот, а сега докторот на босанската репрезентација откри колку време ќе биде надвор од терените.

„Разговаравме со лекарите од Јувентус и ни кажаа дека Пјаниќ има исекотина од 2 степен, што значи ќе мора да паузира две до три недели“, изјави репрезентативниот лекар.

Тоа значи дека Пјаниќ покрај натпреварот овој викенд против Аталанта ќе ги пропушти и репрезентативните дуели против Белгија и Естонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед бара решение за одбраната: На радарот е Баси, но конкуренцијата е голема

Калвин Баси од Фулам е меѓу дефанзивците што ги следи Манчестер јунајтед. За нигерискиот р…