Дома Трансфер зона Лингард се сели во Серија А

Лингард се сели во Серија А

Рома и Милан се силно заинтересирани за офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед.

Лингард последните шест месеци ги помина во Вест Хем каде блескаше во дресот на „чеканите“, но двата клуба не се договорија за трансфер.

Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот.

Договорот на Лингард истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари за „само“ 12 милиони евра.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Рома и Милан, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…