Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард незадоволен е од минутажата и статусот во тимот, но нема да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесува „Атлетик“.
Иако се очекуваше Лингард сигурно да го напушти „Олд Трафорд“, сепак со доаѓањето на Рангник сака да остане и да се бори за поголема минутажа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот.
Лингард најверојатно ќе го напушти Јунајтед на лето како слободен агент, а сигурно ќе има многу опции на маса бидејќи неколку европски клубови покажуваат интерес за него.