Дома Трансфер зона Лидс ја постави цената за Рафиња и ја шокира Барселона

Лидс ја постави цената за Рафиња и ја шокира Барселона

Лидс ја подигнал цената на ѕвездата Рафиња, откако тимот успеа во последен момент да се спаси од испаѓање од Премиер лигата.

Во клубот се помирија дека нема да можат да го задржат Рафиња, откако силен интерес за него покажаа Барселона, ПСЖ и Челзи, но раководството сака максимално да ја искористи неговата продажба.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најсилен интерес за Бразилецот покажува Барселона, а Лидс ги известил Каталонците дека цената на играчот е 55 милиони евра и нема да го пуштат за помалку пари.

Тоа сигурно ќе ги помеша сметките на Барселона, која се надеваше да го добие неговиот потпис за многу помала сума.

Рафиња преферира преселба на „Камп Ноу“, а Барселона во него гледа идеална замена за Осман Дембеле.

Сепак, Барселона во моментов не е во можност да ја плати бараната сума, а тоа може да го искористат ПСЖ и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…