Во текот на вчерашниот ден беа одиграни натпреварите од првото коло во Лигата на Европа, а УЕФА денес го објави и тимот на колото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Очекувано, во него нема ниту еден играч од редовите на Вардар, додека од редовите на противникот на македонскиот шампион, Зенит, место добија двајца фудбалери, Александар Кокорин кој беше двоен стрелец и играчот од средината Нобоа.
Нападот на овој тим е предводен од напаѓачот на Милан, Андре Силва кој постигна хет-трик во натпреварот против Австирја Виена. Покрај Силва тука е и неговиот соиграч Хакан Чалханоглу, додека местото на левата страна во нападот му припадна на Алексис Санчез.
Друштво на споменатиот Нобоа во средината на теренот му прави и Емре од турски Басакешир. Потоа одбраната ја сочинуваат Собол (Славија Прага), Љоренте (Реал Сосиедад), Елез (Ријека), Сакаи (Марсеј).
За голман на колото беше избран Херерин од Атлетик Билбао.
