Дома Трансфер зона Ливерпул спрема напад на Камавинга

Ливерпул спрема напад на Камавинга

Ливерпул е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, пренесуваат медиумите на Островот.

19-годишниот Французин ова лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ и веднаш го покажа својот квалитет, но има мала минутажа поради големата конкуренција во средниот ред на „кралевите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ливерпул сака да ја искористи таквата ситуација и спрема напад на Камавинга во зимскиот преоден рок.

„Камавинга и Валверде мора да напредуваат и да разберат дека тие ќе ја преземат лидерската улога во иднина. Камавинга има огромен квалитет и талент, но мора да учи и да добива искуство“, изјави Анчелоти.

„Црвените“ спремаат богата понуда, но тешко дека Реал ќе дозволи да го загуби еден од најголемите таленти во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…