Ливерпул сака да ја искористи ситуацијата во Манчестер Сити и да им ја „украде“ една од најголемите ѕвезди во тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Граѓаните“ добија суспензија од страна на УЕФА за двегодишна суспензија во Лигата на шампиони, па медиумите тврдат дека тоа ќе доведе до заминување на некои ѕвезди од тимот.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата на „Етихад“ и сака да му ја „украде“ на ривалиот една од најголемите ѕвезди на тимот.
Имено, најголема желба на Клоп е Кевин де Брујн, па „црвените“ нема да жалаат пари за да го донесат Белгиецот на „Енфилд“.
Сепак, тоа нема воопшто да биде лесно бидејќи за Де Брујн силен интерес покажува и Реал Мадрид.