Дома Фудбал Англија Ливерпул со пресврт против Бурнемоут им се врати на победите (ВИДЕО)

Ливерпул со пресврт против Бурнемоут им се врати на победите (ВИДЕО)

Денес во рамките од 29. коло во Премиер лигата својот натпревар го одиграа Ливерпул и Бурнемоут.

Ливерпул денес конечно им се врати на победите и излезе од мини кризата во која беше изминатиот период.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И денес работите не започнаа добро за тимот на Клоп. Бурнемоут преку Вилсон стигна до водство уште во 9. минута. Од тој момент Ливерпул тргна по офанзивно кон противничкиот гол.

Таквата игра на „црвените“ им се исплатеше во 25. минута кога после една грешка во одбраната на гостите, Мане освои топка, додаде до Салах кој погоди за изедначување. Само четири минути подоцна Ливерпул целосно го сврте резултатот во своја корист, а стрелец на голот беше Мане.

Во вториот дел голови не видовме, па Ливерпул ги освои трите бода и дојде чекор поблиску и до математичко обезбедување на титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…