Дома Трансфер зона Ливерпул размислува да го врати Вајналдум

Ливерпул размислува да го врати Вајналдум

Ливерпул во летниот преоден рок сака да го засили средниот ред, но поголемиот дел од буџетот е веќе потрошен.

„Црвените“ го доведоа Дарвин Нуњес за 100 милиони евра, а медиумите тврдат дека стратегијата на клубот е следното лето да го доведе Џуд Белингам од Борусија Дортмунд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа Ливерпул сака да доведе привремено решение, а медиумите шпекулираат дека тоа може да биде Вајналдум.

Холанѓанецот минатото лето си замина од „Енфилд“ како слободен агент, но не се снајде во ПСЖ и сака да ја промени средината.

ПСЖ е спремен да го пушти играчот на позајмица, а Ливерпул сака да го доведе како позајмен играч на една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…