Дома Фудбал Ливерпул пред гостувањето кај Ајакс има само еден стопер

Ливерпул пред гостувањето кај Ајакс има само еден стопер

Ливерпул натпреварот во Лига на шампиони во Амстердам ќе го дочека значително ослабен во дефанзивната линија.

Ливерпул на гостувањето кај Ајакс оди без повредениот Вирџил ван Дајк и Жоел Матип, а исто така повреден е и бразилскиот голман Алисон Бекер.

Единствениот стопер на располагање на Јирген Клоп пред дуелот со Ајакс е Џо Гомес, што значи дека германскиот тренер ќе биде приморан на импровизации.

Најверојатно, партнер на Гомез во Амстгердам ќе му биде Фабињо, додека за викендот во ПЛ ќе се опорави Матип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фоден со хет-трик го разби АЕК: Сити немилосрден и без Халанд!

Манчестер Сити го совлада АЕК со 5-1 за втора победа во Лигата на шампионите, а Фил Фоден …