Дома Фудбал Англија Ливерпул потпишува нов спонзорски договор и ги руши сите рекорди на Островот

Ливерпул потпишува нов спонзорски договор и ги руши сите рекорди на Островот

Раководството на Ливерпул води преговори за потпишување на рекорден договор со технички спонзор на тимот, кој треба да го сруши рекордот на Манчестер Јунајтед, кој од „Адидас“ годишно добива 75 милиони фунти.

Клубот од „Енфилд“ во моментов има договор со компанијата „New Balance“ кој завршува на крајот на наредната сезона. Според информациите во моментов двете страни преговараат за нов договор, кој ќе биде рекорден во англискиот фудбал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во моментов Ливерпул добива 45 милиони фунти годишно, но „New Balance“ е спремен да понуди најмалку 75 милиони фунти за да остане спонзор на „црвените“. Тоа е поради фактот што втора година по ред од Ливерпул имаат рекорден број на продадени дресови.

Во моментов Ливерпул е на третото место во Англија по приходи од спонзори. Манчестер Јунајтед е на прво место, а после него доаѓа Челзи кој има договор со „Nike“ од 60 милиони фунти по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лоши вести од Англија: Лестер чекори кон трета лига!

Нема долго време откако беа клуб кој го постигна најневеројатниот успех во историјата на П…