Дома Фудбал Ливерпул побара да биде објавена аудио снимката од разговорот на судијата од ВАР собата

Ливерпул побара да биде објавена аудио снимката од разговорот на судијата од ВАР собата

Фудбалскиот клуб Ливерпул официјално побара објавување на аудио снимката од ВАР просторијата за време на поништувањето на регуларен гол постигнат од Луис Дијаз на саботниот натпревар против Тотенхем, објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Во 34. минута од оспорениот натпревар, при резултат 0:0, Дијаз постигна гол кој беше поништен по прегледот во ВАР просторијата, иако Колумбиецот не беше во офсајд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Судиската комисија соопшти дека недозволувањето на голот било „значителна човечка грешка“, но во Ливерпул не се задоволни од тоа објаснување, па побарале да ја објават снимката од разговорот меѓу судиите кои донеле погрешна одлука.

Ливерпул загуби од Тотенхем со резултат 1:2, а мечот заврши со девет играчи, бидејќи беше исклучен Куртис Џонс во 26. минута и Диого Жота во 69. минута.

Ливерпул со победа во Лондон ќе станеше лидер во Премиер лигата, пренесува Танјуг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стивен Џерард посака Ливерпул да си ја врати поранешната ѕвезда и кажа кој го гледа како замена за Мо Салах

Легендата на Ливерпул Стивен Џерард изјави дека многу би сакал Луис Дијаз да се врати на „…