Ливерпул не сака да застане со засилувањата и покрај тоа што се доминантни во нападот, па така екипата на Јирген Клоп е заинтересирана за играчот на ПСЖ.
Имено, на врвот на листата на Ливерпул е Џулијан Дракслер, кој поради големата конкуренција во ПСЖ не игра ниту приближно од тоа што го сака. „Црвените“ се уште ја бараат замената за Филипе Кутињо, кој во јануари си замина во Барселона, па во Дракслер ја гледаат идеалната замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако Ливерпул во саботата го демолираше Вотфорд (5:0) со четирите гола на Салах, со што јасно е дека нема голгетерска криза, Клоп од управата побара да го доведат поранешнито играч на Шалке.