Ливерпул испратил прва понуда до Реал Мадрид за Марко Асенсио, кој е најголема желба на тренерот Јирген Клоп.
После заминувањето на Садио Мане, Клоп бара уште еден крилен фудбалер, а прва мета е токму Асенсио.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Асенсио е на излезна врата од Реал Мадрид, откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот кој истекува следната година.
Шпанецот е во потрага по клуб каде ќе има поголема минутажа, но не е сигурен дека во Ливерпул ќе има главна улога во тимот, бидејќи игра на истата позиција како Салах.
Клоп веќе стапил во контакт со агентот на фудбалерот и ќе се обиде да го убеди да ја прифати понудата.