Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит-Нури, пренесуваат медиумите на Островот.
Младиот француски репрезентативец игра фантастично во дресот на „волците“ и многу европски клубови покажуваат интерес за него.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Аут-Нури е на мета на Манчестер Сити и Реал Мадрид, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Ливерпул.
Вулверхемптон за неговата слобода бара 25 милиони евра, а Ливерпул е спремен да ја плати таа сума и сака да ја победи конкуренцијата.