Како што пренесува „Билд“ управата на германскиот клуб не планира лесно да се откаже од своите најдобри фудбалери.
Во сезоната која е зад нас Лајпцинг успеа да стигне до второто место во Бундеслигата, иако ова беше нивна дебитантска сезона во најсилната германска лига.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Минатото лето направија одличен тим, паметно работеа, а изгледа дека најмногу се истакнаа фудбалерот на шведскта репрезентација Емил Форзберг и играчот од средината Наби Кеита.
Форсберг е на мета на Милан, но Лајпцинг за неговите услуги бара 25 милиони евра, а „росонерите“ таа сума ја сметаат за превисока.
Кога во прашање е Кеита, за неговите услуги најголем интерес покажа Јирген Клоп. Нема сомневање дека неговото пристигнување на „Енфилд“ би било големо засилување за Ливерпул, но според последните информации тој трансфер нема да се случи.
Имено, Лајпцинг за својот фудбалер бара неверојатни 80 милиони евра.
Тешко е да се верува дека управата на „црвените“ би се согласила да плати толкава сума за еден играч бидејќи ова лето веќе го соборија рекордот на клубот со ангажирањето на Мохамед Салах од Рома за 45 милиони евра.