Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ стана хит на Светското првенство (СП) во Катар со неговите интервенции со кои ѝ помогна на својата репрезентација да постигне добри резултати.
Англиските медиуми пишуваат дека за Ливаковиќ се заинтересирани голем број гиганти ширум Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лондонскиот гигант Челси бара нов голман со оглед на тоа дека Едуард Менди и Кепа Аризабалага не се стабилни на голот на премиерлигашот.
Иако за нив беа платени вкупно над 100 милиони евра, сепак тренерот Грем Потер сака нов голман и токму Ливаковиќ изгледа како најдобро решение во моментов.