Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси треперат: Страшни најави за повредата на Леброн

Лејкерси треперат: Страшни најави за повредата на Леброн

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерси, се уште не се опоравил од повредата.

Леброн последниот натпревар го одигра против Голден Стејт кога заработи повреда на препоните и до овој момент пропушти осум натпревари на својот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лејкерси од тој момент паднаа на табелата на Западната конференција бидејќи забележаа три победи и пет порази, па сега се наоѓаат на осмата позиција, последната која води во плеј-офот.

Натпреварот на гости против Јута се означуваше како натпревар кога „кралот“ требаше да се врати, но тренерот на Лејкерси Лук Волтон порача дека од тоа нема да биде ништо. Место тоа Леброн ќе направи уште еден преглед, а според некои извори би можел да паузира уште еден месец.

Ако се знае дека во НБА лигата секој тим игра натпревар на секој втор-трет ден ова се страшни најави за тимот на Лејкерси.

Не треба да се трошат зборови колку Леброн значи за тимот од „Стејплс Центарот“, доволно е само да се каже дека во текот на актуелната сезона има учинок од 27.3 поени, 8.3 скокови и 7.1 асистенции по натпревар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…