Иако пред само четири месеци клубот му даде перманентен договор, денес Лестер му врачи отказ на тренерот Крег Шекспир.
53-годишниот Англичанец е отпуштен откако Лестер одиграа 1:1 со Вест Бромвич Албион синоќа со што шампионите од 2016 година останаа на 18-то место во Премиер лигата со само една победа во 10 лигашки меча.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шекспир минатата сезона го замине Клаудио Раниери, откако Италијанецот доби отказ, а во јуни доби перманентен договор од клубот.
Сепак, лошиот старт на сезоната ги натера „лисиците“ да донесат ваква одлука и да направат тренерска смена.