Дома Фудбал Легендарниот претседател на Реал Мадрид почина од коронавирусот

Легендарниот претседател на Реал Мадрид почина од коронавирусот

Легендарниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс ја загуби битката за коронавирусот и почина на 75-годишна возраст.

Уште пред неколку дена се појави информацијата дека 75-годишниот Санс е заболен од ковид-19, а поради проблеми со инфекција на бубрезите тој не можеше да се избори со смртоносниот вирус. Тој од самото дијагностицирање на болеста беше префрлен на интензивна нега, но лекарите не успеаја да се изборат за неговиот живот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Лоренцо Санс беше претседател на Реал Мадрид во периодот од 1995 до 2000 година, период во кој „кралевите“ освоија две титули во Лигата на шампиони и редица други трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…