Дома Трансфер зона Легендарниот голман после девет години се враќа во Ајакс

Легендарниот голман после девет години се враќа во Ајакс

Ajaкс го заврши првото засилување за наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот холандски голман Мартин Стекеленбург се врати во Ајакс после точно девет години.

Стекеленбург не бранеше многу во Евертон поради што одлучи да се врати во татковината. По потврдата се огласи и самиот голман.

„Пресреќен сум што се вратив во клубот во кој ја започнав кариерата. И ја и моето семејство сакавме да се вратиме дома и ова е најдобар можен начин за враќање. Ајакс е клуб број еден и многу сум возбуден“, изјави Стекеленбург.

Инаку овој 37 годишен голман ги помина сите млади категории на Ајакс и за првиот тим бранеше од 2002 до 2011 кога премина во Рома. После две сезони во Рим се пресели во Фулам од каде што одеше на позајмици во Монако и Саутемтптон за Роналд Куман да го доведе во Евертон во 2016 година.

Сепак, за четири години во Евертон собра само 26 настапи и бидејќи на 30. јуни му истекува договорот тој одлучи да се врати во Холандија како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…