Дома Трансфер зона Левандовски: Борусија не ме пушти да одам во Манчестер Јунајтед

Левандовски: Борусија не ме пушти да одам во Манчестер Јунајтед

Роберт Левандовски пред неколку дена беше прогласен најдобар фудбалер во годината според ФИФА.

Напаѓачот на Баерн заслужено ја доби наградата пред Лионел Меси и Кристиано Роналдо и на тој начин ја заокружи фантастичната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во разговор за „Франс Фудбал“ тој откри дека во 2012 година постигнал договор со „Сер Алекс Фергусон“ за трансфер во Манчестер Јунајтед, но неговиот тогашен клуб Борусија Дортмунд го стопирал трансферот.

„После мојата втора сезона во Борусија разговарав со Сер Алекс Фергусон, сакаше да ме доведе во Манчестер и јас бев многу заинтересиран. Бев спремен за тој трансфер, но Дортмунд не ме пушти“, откри Левандовски.

Полскиот напаѓач потоа одигра уште две сезони во Борусија за потоа како слободен играч да премине во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…