Дома Фудбал Останато Лев му порача дека смета на него, а Швајнштајгер кажа – крај!

Лев му порача дека смета на него, а Швајнштајгер кажа – крај!

Тајмингот кога пристигнува информацијата за крај на кариерата на Бастијан Швајнштајгер е навистина интересен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Готово! Светскиот шампион Бастијан Швајнштајгер ја заврши својата голема фудбалска кариера. Искусниот 35 годишен играч за врска денес соопшти дека става точка на блескавата епизода во која ги бранеше боите на Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Чикаго Фајр.

Сега тоа е и официјално. После 17 години во професионалниот фудбал сопругот на поранешната тенисерка Ана Ивановиќ објави дека се пензионира од професионалното играње фудбал. Швајнштајгер ги помина младинските категории во Минхен, потоа долги години беше дел од првиот тим на Баварците, а во 2015 година се пресели на „Олд Трафорд“ каде што се задржа две сезони, после што следуваше трансфер во САД.

Во големата и трофејна кариера го освои Светското првенство со Германија во 2014 година, потоа Лигата на шампионите со Баерн во 2013 година, како и осум шампионски титули во Бундес лигата со клубот од Минхен.

Интересно, информацијата за пензионирањето на Швајнштајгер доаѓа само неколку часа откако селектор на Германија, Јоаким Лев изјави дека смета на него.

„Се уште не се знае дали ќе ја заврши кариерата. Басти е еден од најдобрите фудбалери кои Германија ги имала и доколку сака да игра за него секогаш ќе има место во нашата репрезентација“, изјави Лев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВАР судијата од натпреварот Германија – Курасао се најде под истрага!

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против ВАР судијата за време на …