Дома Останати Ана и Бастијан Швајнштајгер бегаат од САД – еве каде се селат

Ана и Бастијан Швајнштајгер бегаат од САД – еве каде се селат

Славниот брачен пар од светот на спортот, бившата тенисерска ѕвезда Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, славниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, заедно со нивните синови Лука и Леон одлучиле да ја напуштат Америка и да се вратат во Европа.

Откако Бастијан неодамна ја заврши кариерата, го одигра последниот меч за Чикаго, заедно со Ана одлучија да се преселат во земја која е близу до нивните татковини Србија и Германија, изборот паднал на Австрија.

Ана и Бастијан заедно со децата ќе живеат во луксузна вила во малото гратче Вестендорф под Алпите, во близина на Кицбил. Оваа вест ја потврдила и градоначалничката на гратчето, Анамари Плизајз.

„Ана и Бастијан ќе се доселат во текот на 2020 година“, изјавила Анамари Плизајз.

Бастијан во 2018 година во Вестендорф има купено плац на кој сега се гради прекрасна вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…