Maкедонскиот селектор Кирил Лазаров во интервју за хрватски „Индекс“ истакна дека актуелното Европско првенство во кое Македонија испадна во првиот круг може да се оцени како нерегуларно.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Оценката на Лазаров доаѓа поради натпреварот помеѓу Исланд и Хрватска (22:23) во кој двете селекции влегоа многу ослабени и изморени поради отсуствата со заразените од ковид-19.
„На таа средба победи репрезентацијата што беше помалку уморна. На ова првенство не важат правила и нема регуларност. Не можете да ја процените силата на една репрезентацијата затоа што порано или подоцна сите имаа големи проблеми“.
Лазаров е изненаден како само една селекција досега немала проблеми со вирусот.
„Чудно ми е како само Данска нема вакви проблеми. Сите други во одреден момент имаа проблеми затоа го сметам ова ЕП за нерегуларно“, изјави Лазаров.
Интервјуто на Лазаров можете да го прочитате – тука.