Шпанската Ла Лига се договорила за продажба на телевизиските права за емитување на „Movistar“ и „DAZN“ за сума од 4.95 милијарди евра за следните пет години.
Раководството на натпреварувањето објави дека станува збор за рекорден договор за следните пет години. Претходниот тригодишен договор со „Теlefonica“ потпишан во 2018 година изнесуваше 2.9 милијарди евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што за разлика од германската Бундеслига, италијанската Серија А и француската Лига кои забележаа пад на цената во новите договори, Ла Лига постигна рекорден договор. Кога е англиската Премиер лига во прашања тие го променија својот пакет за истите финансии за следните три години.