Дома Фудбал Англија Куман пред отказ – Мојс би можел да се врати во Евертон

Куман пред отказ – Мојс би можел да се врати во Евертон

Евертон попладнево доживеа уште еден тежок пораз, откако на домашен терен загуби од Арсенал (2:5), па менаџерот Роналд Куман се наоѓа пред отказ.

Британските медиуми пренесуваат дека 54-годишниот Дејвид Мојс би можел да се врати во Евертон и да го замени Куман, кој и покрај големите вложувања бележи очајни резултати сезонава.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мојс во периодот од 2002 до 2013 година беше тренер на „карамелите“, а потоа немаше премногу успеах како тренер на Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.

Исто така според британските медиуми Мојс е еден од главните кандидати за селекторската функција во шкотската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…