Дома Топ вести Кулушевски се враќа во Серија А

Кулушевски се враќа во Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека Дејан Кулушевски на лето може да го напушти Тотенхем и да се врати во Серија А.

Македонецот роден во Шведска оваа сезона во Премиер лигата запиша 34 настапи на кои постигна 6 гола и само 3 пати асистираше.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Кулушевски не е задоволен во Тотенхем и сака да се врати во Серија А, а силен интерес за него покажува Наполи.

Се очекува клубот да заработи од продажбата на Виктор Осимен и дел од парите ќе ги инвестира во крилниот напаѓач.

Кулушевски во Тотенхем пристигна пред две и пол години од Јувентус за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …