Дома Фудбал Крос: Меси во Реал? За тоа треба ј**ца

Крос: Меси во Реал? За тоа треба ј**ца

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос објасни зошто Меси никогаш нема да се пресели на „Сантаго Бетнабеу“.

Можноста Меси да заврши во редовите на најголемиот ривал страмежливо се провлекува низ медиумите од моментот кога Аргентинецот побара раскин на договорот со Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Крос смета дека Меси нема храброст да ја напушти Барса и да остане во Шпанија.

„Не мислам дека ќе дојде во Реал. Тоа категорично го исклучувам. Му требаат ‘јајца“ за да остане во Шпанија. Тешко дека некој во фудбалот би можел да ја замисли Барселона без Меси“, изјави Крос.

„Кога играч од таква класа не игра во ривалскиот тим, тоа за нас нема да биде лошо. Неговото заминување значи дека Барса ќе го загуби најсилното оружје“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пандев: На ЕП 2021 отидовме како растурена банда, без селектор подобро ќе игравме!

Горан Пандев, кој денес ја извршува функцијата директор во македонската репрезентација, го…