Младиот фудбалер на Арсенал не сакаше да ја продолжи кариерата во Шпанија.
Има само 17 години, името му е Емил Смит Роув, со репрезентацијата на Англија го освои Светското првенство за играчи до 17 години, може да игра како напаѓач или крило. Арсенал има чудот од дете, Смит Роув во моментов настапува за резервниот тим на Арсенал (U23), во клубот е од девет години, а одби голем број клубот кои беа заинтересирани за него само еден ден да заигра за Арсенал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона е последната која ја има одбиено, Тотенхем исто така беше еден од клубовите кои го сакаа ова дете. Она што е интересно е дека Роув прво бил на проба во Челзи, но не ја поминал, а подоцна станал член на Арсенал. Запомнете го ова име, нема да помине многу време кога ова момче ќе заигра на „Емирати“ за првиот тим на Арсенал.