Матео Ковачиќ ќе биде нов фудбалер на Манчестер Сити, потврди Фабрицио Романо.
Со своето познато „Here we go“, Романо објави дека Сити и Челзи постигнале договор за оштета која ќе изнесува 35 милиони евра, а дополнителни пет ќе се исплатат преку бонуси во случај на освоена титула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватот е во последната година од договорот со Челзи и сакаше да замине, па така клубот беше приморан да го продаде за да заработи од оштетата.
Доаѓањето на Хрватот на „Етихад“ може да значи и дефинитивно заминување на Илкај Гундоган. Германецот во претходниот период најмногу се поврзуваше со Барселона, но во игра беше и Милан.
Се тврдеше и дека Гундоган има договор со Барселона, Чави неколку пати лично го контактираше, но потоа Сити ја зголеми понудата за тој да остане, меѓутоа се уште ништо не е познато.
EXCL: Mateo Kovacić joins Manchester City from Chelsea, fee agreed and done deal — here we go! 🚨🔵 #MCFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 21, 2023
Agreement between clubs just reached for £30m fee.
Personal terms agreed two weeks ago, Kovacić only wanted Man City.
Medicals in the next days.
New midfielder for Pep 🇭🇷 pic.twitter.com/cXU7ZDSKMf