Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората се најде во центарот на вниманието кај англиската и светска јавност, по изјавата дека никогаш не требал да го напушти Јувентус.
Мората даде интервју за англиските медиуми во кое изјави дека никогаш не требал да го напушти Јувентус, бидејќи таму би бил најсреќен. Оваа изјава, навивачите на Челзи експресно ја осудија, па побараа од Мората да се изјасни повторно и да објасни што сака да каже со тоа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Среќен сум во овој клуб, градот и се што имам во Лондон. Го сакам овој град и сакам да останам што повеќе. Лут сум, мојата изјава е погрешно пренесена и очигледно јас и новинарот не се разбравме најдобро. Ако Челзи ми понуди договор на уште десет години би потпишал. Далеку од тоа дека не сум среќен тука“, истакна Мората и додаде:
„Во Јувентус ми беше одлично, но не сакав да мислите дека тука не сум среќен. Челзи е клуб на кој брзо се навикнав и навистина уживам тука. Нема потреба да се лутите на мене, бидејќи навистина немав намера да ги повредам навивачите на Челзи“.