Дома Фудбал Кралевите запишаа нови три бода на гостувањето во соседството: Тандемот на Реал ја диктираше играта!

Кралевите запишаа нови три бода на гостувањето во соседството: Тандемот на Реал ја диктираше играта!

Иако работите тргнаа во погрешна наскоа за „Кралскиот клуб“ на почетокот на мечот, актуелниот шпански шампион на Шпанија и Европа успеа да дојде до трите бода во предградието на Мадрид.

Унаи Бусинка го донесе Леганес во водство по само шест минути игра, но тандемот Васкез-Каземиро се погрижи да не се повтори бламот од четвртфиналето во Купот на Кралевите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Васкез во 11. минута изедначи по асистенцијата на Каземиро, а по неполни половина час игра му се оддолжи со иста мера, па Бразилецот направи резултатски пресврт во корист на гостите.

Победата ја зацементира Серхио Рамос од белата точка во 90. минута за конечни 1:3, капитенот во отсуство на Кристијано Роналдо ја презеде работата за која беше задолжен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…