Дома Трансфер зона Кој ќе биде следниот потег на осудениот Робињо?

Кој ќе биде следниот потег на осудениот Робињо?

robinho

Робсон Де Соуза (33) планетарно познат како Робињо изминатиот месец беше осуден на девет години затвор откако беше откриено дека учествувал во групно силување на 22 годишна Албанка во Италија во 2013 година.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан се изјасни како невин според неколку точки на обвинението. Постапката во која испрати жалба е во тек, а Бразилецот може да биде уапсен само доколку ја напушти својата земја, бидејќи Бразил според својот устав не дозволува испорачување на свои државјани.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Робињо неодамна настапуваше за Атлетико Минеиро, но до продолжување на договорот не дојде а истиот истекува до крајот на оваа година.

„Луѓето од Атлетико одредија краен рок за конечен договор, но не успеавме да се договориме во дадениот рок“, изјави адвокатот и менаџер на фудбалерот Алија Рамос.

За поранешниот репрезентативец на Бразил кој собра 99 настапи за „кариоките“ следниот клуб мора да биде исклучиво бразилски доколку не сака да ризикува приведување и долгогодишна казна затвор.

„Прво ќе го исклучан телефонот и ќе се одморам. Сакам да се опуштам со семејството бидејќи одморот е многу краток“, порача Робињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов тро…