Манчестер Сити вчера вечер објави дека Серхио Агуеро ќе си замине на крајот од сезоната како слободен играч.
После 10 години Агуеро заминува од „Етихад“ каде што остави неизбришлива трага и ќе се смета за легенда на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Останува Агуеро да ја одработи сезоната во Сити, а сигурно дека за фудбалската јавност е интересно да се види каде ќе ја продолжи кариерата. Според информациите на познатиот новинар Фабрицио Романо повеќе клубови се обратиле до агентот на Агуеро со желба да му понудат договор.
Најмногу се шпекулира за Барселона, за голем дел од медиумите тоа и најреалната опција. Како и да е, кој и клуб да биде Агуеро ќе одлучи или барем на јавноста ќе соопшти откако сезоната ќе заврши.