Дома Останати Кошарка Кошаркар во Турција преживеа страшна сообраќајна несреќа

Кошаркар во Турција преживеа страшна сообраќајна несреќа

Брајант Данстон, кошркарот кој настапува за Анадолу Ефес имаше голема среќа да помине без посериозни повреди по тешка сообраќајна несреќа во Истанбул.

Со својот автомобил, Данстон се заби под камион кој возел пред него, па предниот дел од неговото возило влезе целосно под камион. Поради оштетувањето на автомобилот Данстон бил извлечен преку задниот дел од возилото и пренесен во болница.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Изјава за турските медиуми даде и возачот на камионот.

„Поминував под надвозник, а на него пишуваше дека дозволена е висина од четири метри, но закачив малку и морав да подзакочам. Контејнерот што го носев падна врз автомобилот“, изјавил возачот.

Данстон поминал само со полесни повреди на раката, потврди неговиот агент Мишко Ражнатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…