Дома Фудбал Корона паузата на никој не му дојде подобро од Реал!

Корона паузата на никој не му дојде подобро од Реал!

Во шпанската Ла Лига на никој Ковид-19 паузата не му дојде добро, освен на фудбалерите на Реал Мадрид, барем така може да забележиме по нивните резултати.

„Кралевите“ се единствен тим со три победи по рестартот на првенството, а освен тоа солидно играат и Виљареал и Барселона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Жолтата подморница“ одигра четири меча и победија три пати, додека Барселона успеа да слави двапати на три дуели.

Виљареал освои најмногу бодови од враќањето на Ла Лига, но тоа е поради фактот дека имаат еден меч повеќе од „кралевите“.

Реал со победите се врати на лидерската позиција во Шпанија, иако имаат ист број на бодови со Барселона, но и подобар меѓусебен дуел.

До крајот на Ла Лига останаа уште осум натпревари и сигурно ќе биде возбудлива борбата за титулата, но и за пласман во европските натпреварувања на останатите тимови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшно невреме го оштети стадионот на Хајдук (Видео)

Силно невреме ги погоди Сплит и околните места, а за жал предизвика штета на стадионот на …