Венецуела продолжува со добрите игри и ја забележа втората победа на Копа Америка и тоа против Мексико со 1:0 со голот на Рондон во 57.минута од пенал.
По Јамајка и Мексико, Венецуела со максимални шест бода го обезбеди своето место меѓу осумте најдобри на турнирот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекцијата на Еквадор немаш никакви проблеми со Јамајка и славеше со 3:1.
Уште во 12.минута Палмер си даде автогол за водство на Еквадор, следуваа головите на Паез од пенал во 45+4.минута за 2:0 и Антониот во 54.минута за 2:1.
Сепак Минда во 90+1.минута ги постави конечните 3:1 за Еквадор кој дојде до првата победа и до првите бодови во оваа група.