Дома Фудбал Англија Конте НЕ негира заминување: Можно е!

Конте НЕ негира заминување: Можно е!

konte;

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте не негираше дека можно е на крајот на сезоната да го напушти „Стенфорд Бриџ“, изјавувајќи дека во фудбалот се е можно.

Шпекулациите за иднината на Италијанецот не стивнуваат, па денес англиските медиуми објавија дека Конте донел одлука да го напушти Челзи на крајот на сезоната.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Во фудбалот се може да се случи и треба да бидеш подготвен. Јас имам искуство да се справувам во вакви ситуации. Верувам во работата и во тоа што го правам овие две години. Не беше лесно, бидејќи ова е мојата прва работа надвор од Италија. Имам договор на уште една година, па клубот треба да реши дали ќе ме задржи или не. Се е можно“, изјави Конте.

Англиските медиуми пренесуваат дека главен фаворит за негов наследник е актуелниот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола удри по навивачите: Треба да ви е срам, што е виновна неговата мајка?

Манчестер Сити изремизира 0:0 против Манчестер Јунајтед во дербито на 31. коло на Премиер …