Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте призна дека со ваква форма неговиот тим нема шанси да избори пласман во Топ 4.




Тотенхем запиша три последователни порази во првенството и во моментов е на пет бода од четвртото место, но конкуренцијата е голема.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Кога ќе загубиш два натпевари дома со ред невозможно е да играш во Лигата на шампиони. Знаеме дека треба да се бориме за да изградиме нешто важно. Можеби нашите фанови не треба да бидат разочарани од поразот и треба да ни дадат сила и да останат со нас. Треба да бидеме реални. Фановите треба да разберат дека ни е потребно време да изградиме добра ситуација како што беше во минатото“, изјави Конте.