Дома Трансфер зона Конечно! Јунајтед го добива Фернандеш – познати деталите!

Конечно! Јунајтед го добива Фернандеш – познати деталите!

Од повеќе релевантни извори вечерва пристигна иста вест – Манчестер Јунајтед конечно постигнал договор со Бруно Фернандеш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе подолго време се најавуваа дека Фернандеш ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед, а сега изгледа конечно зделката е договорена.

Утрово се појави вест дека Барселона може да го украде Фернандеш и да го испрати на позајмица во Валенсија за Родриго, сепак тоа нема да се случи. Според иформациите пресудила желбата на играчот, Фернандеш бил заинтересиран само за трансфер во Манчестер Јунајтед.

Јунајтед со португалскиот играч за врска од поодамна има договор, меѓутоа се чекаше да се договорат клубови, можеби интересот од Барселона ги натера „ѓаволите“ да ја забрзаат работата.

На големо се пишува дека Јунајтед и Спортинг се договориле за фикасна сума од 55 милиони евра и 25 како бонуси. Од тие 25, десет милиони се за лесно остварливи бонуси. Засега не се прецизира за што точно станува збор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…