Дома Фудбал Англија Конечно се огласи Погба: Се може да се случи во наредните месеци!

Конечно се огласи Погба: Се може да се случи во наредните месеци!

Иднината на Пол Погба е една од главните теми во англиските медиуми кои тврдат дека Французинот сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Веќе подолго време се тврди дека најскапиот фудбалер на „црвените ѓаволи“ не е во добри односи со менаџерот Жозе Мурињо и дека тоа е една од главните причини за неговите слаби игри.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


И самиот Погба не е сигурен дали ќе остане на „Олд Трафорд“ и призна дека се може да се случи во наредните месеци.

„Мојата иднина во овој момент е во Манчестер бидејќи имам договор со клубот, но кој знае што може да се случи во наредните неколку месеци“, изјави Погба, а потоа проговори за односот со Мурињо.

„Имаме чист однос фудбалер-тренер. Верувајте дека јас секогаш ќе давам 100% од себе кој и да е тренер на Јунајтед. Тоа е се што можам да кажам“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …