Дома Фудбал Конечно добри вести и за Лопетеги пред „Ел Класико“

Конечно добри вести и за Лопетеги пред „Ел Класико“

Сепак, не е се така „црно“ за човекот кој за многмина е отпишан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според голем дел од светските медиуми, Јулиен Лопетеги после натпреварот против Барселона ќе заработи отказ, но тој секако нема да се предаде.

Лопетеги сега доби добри вести и тоа од болницата на „кралевите“.

Имено, медицинскиот тим на Реал даде зелено светло за враќање на Марсело на терен, па Бразилецот ќе настапи во претстојното „Ел Класико“.

Многумина во Мадрид стравуваа дека левиот бек може да го пропушти големото дерби бидејќи во неделата се здоби со повреда на скочниот зглоб.

Меѓутоа, повредата не е од сериозна природа, па Марсело сепак ќе биде на теренот.

Од друга страна Иско и Маријано многу веројатно ќе го пропуштат овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мусиала го прекина молкот откако два пати колабира и откри каква дијагноза има!

По загрижувачките сцени што се случија во рок од само неколку дена, Џамал Мусиала реши да …