Дома Актуелно Колапс на италијанскиот фудбал во Европа: Им се повтори сезоната 2015/2016

Колапс на италијанскиот фудбал во Европа: Им се повтори сезоната 2015/2016

Италијанскиот фудбал после пет години повторно доживува колапс на европска сцена.

После вчерашната очекувана елиминација на Лацио од Баерн, италијанскиот фудбал остана без претставник во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Во последните 10 години Италијанците втор пат се наоѓаат во ваква ситуација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно тоа им се случи во сезоната 2015/2016, очигледно италијанските клубови повторно се далеку од најсилните во Европа. Јувенус сакаше да ја промени ваквата ситуација со доведувањето на Кристиано Роналдо, но „старата дама“ веќе втора година во низа испаѓа во осминафиналето.

Од 2010 година кога Интер со генерацијата на Пандев стана европски шампиони, Италија има само три финалиња во Европа, Јувентус два пати беше финалист во ЛШ (2015 и 2017) и Интер лани во Лигата на Европа. Тоа навистина е премалку за земја како Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…