Дома Фудбал Кога си Роналдо се наоѓа начин: Португалецот со специјален авион допатува во Торино

Кога си Роналдо се наоѓа начин: Португалецот со специјален авион допатува во Торино

Кристиано Роналдо вчера пристигна во Торино каде што ќе го продолжи опоравувањето од коронавирусот.

Еден од најдобрите фудбалери во светот се зарази со вирусот во текот на собирот со репрезентацијата и последните два дена ги помина во изолација.

Тој во Торино пристигна со посебен авион со вградена амбулантна во кој имал се што му е потребно.

Според правилата еден играч не смее да ја напушти изолацијата, но Роналдо успеал да пронајде начин безбедно да пристигне во Торино каде што би требало да биде во карантин 10 дена.

Секако, во фудбалскиот свет најмногу се поставува прашањето дали ќе биде спремен за дуелот со Барселона кој е закажан за на 28. октомври. Потребно е Португалецот седум дена пред натпреварот да има негативен тест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…