Дома Трансфер зона Клоп одлучи, ќе го руши рекордот!

Клоп одлучи, ќе го руши рекордот!

Јирген Клоп смета дека фудбалерот од средината на теренот на Лајпцинг е како создаден за Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изгледа дека сепак, Наби Кеита ќе биде едно од рекордните засилувања ова лето.

Германецот верува дека одличниот фудбалер на Лајпцинг би го подигнал нивото на играта и би бил главен играч во средината на теренот, па медиумите во Германија сметаат дека „црвените“ се спремни повторно да го срушат рекордот на клубот.

И тоа двојно.

Имено, откако платија 40 милиони евра за Салах, управата на Ливерпул наводно е спремна за Кеита да плати 80 милиони евра, пренесува новинарот Лиј Прајс.

Овој новинар кој ја напиша биографијата на Клоп верува дека условите на играчот со клубот се договорени и дека самиот фудбалер ќе се потруди што побрзо трансферот да биде реализиран. Иначе Прајс пишува дека Клоп овој фудбалер го забележал кога на дебито за Лајпцинг постигна погодокот против Борусија Дортмунд.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…