Дома Трансфер зона Клоп го критикува, Јувентус го сака!

Клоп го критикува, Јувентус го сака!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува интерес за фудбалерот на Ливерпул и германски репрезентативец, Емре Чан.

Јирген Клоп не е задоволен од партиите кои ги пружа Чан во последно време и му порача дека ќе мора да работи напорно или во спротивно ќе го загуби местото во тимот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од друга страна поранешниот фудбалер на Леверкузен и понатаму го нема продолжено договорот, а на лето ќе влезе во последната година од договорот со „црвените“.

Таквата ситуација будно ја следи Јувентус кој сака да го донесе Емре Чан во Торино како замена за Кадира. „Бјанконерите“ сакаат да го подмладат средниот ред, а овој 23 годишен фудбалер идеално се вклопува во нивната филозофија.

Сепак, Ливерпул нема така лесно да се откаже од Германецот, но доколку Чан не го продолжи договорот до крајот на сезоната, готово сигурно ќе биде продаден, а како негова замена Клоп сака да го донесе играчот на Борусија Мехенгладбах, Махмуд Дахуд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…